|
|
|
Линда Евангелиста го реши случајот со операцијата што ја остави трајно обезличенаЛинда Еванџелиста објави дека го решила случајот со тн. „ладно обликување“ („CoolSculpting“), неколку месеци откако откри дека „останала трајно обeзличена“ од процедурата за замрзнување маснотии, што ѝ влијаело и на психичкото здравје.

-Со нетрпение го очекувам следното поглавје од мојот живот со пријателите и семејството и среќна сум што го оставам ова прашање зад мене. Навистина сум благодарна за поддршката што ја добив од оние кои ми подадоа рака, напиша таа на Инстаграм.
Еванџелиста, која е некаде при крајот од шестото десетлетие од својот живот, се врати со нова кампања за „Фенди“ – прва задача на манекенката откако во февруари јавно проговори за козметичкиот кошмар“којшто ѝ остави трајни физички последици.
Инаку, во септември, супермоделката поднесе тужба против козметичката компанија „Зелтиг естетикс“, за отштета од 50 милиони долари.
Козметичките третмани на коишто Линда била подложена меѓу август 2015 и февруари 2016 година требало да ѝ ги намалат масните клетки, но наместо тоа развила масна хиперплазија – покачување на масните клетки. Во интервју од февруари годинава, манекенката призна дека веќе не може да живее со болката и по седум години далеку од очите на јавноста, конечно проговори за тоа.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
П: Како жените ги споредуваат машките пениси? О: Голем, поголем, таман. П: Како мажите ги споредуваат своите пениси? О: Мал, помал, ист како мојот.
|
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|