Шакира негира дека не платила данок

Латино-ѕвездата Шакира го отфрли договорот за признавање вина пред обвинителите во случајот за даночна измама во Шпанија, од 14,5 милиони евра и сега е чекор поблиску до судење, изјави нејзиниот претставник.



Колумбиската пејачка, која има продадено повеќе од 80 милиони плочи ширум светот, е целосно убедена во својата невиност и затоа не ја прифаќа спогодбата. Шакира секогаш ги плаќала сите даночни обврски и смета дека случајот е „целосно кршење на нејзините права“, се вели во соопштението.

Шакира е обвинета дека не платила 14,5 милиони евра даночен приход во периодот од 2012 до 2014 година. Ова е време кога, според адвокатите на пејачката, таа не живеела во Шпанија.

Современата „кралица на латино-музиката“, тврди дека се преселила во Барселона во 2015 година. Таму живеела со фудбалерот Жерар Пике. Двојката има две деца, но од неодамна веќе не живеат заедно.

Пејачката вели дека иако нејзиниот адвокатски тим не се согласил целосно за наводниот долг, таа платила 17,2 милиони евра кои шпанската даночна служба тврдела дека ги должи.

Според неа, таа со години нема неподмирен долг кон даночните власти. Сега судот ќе ѝ испрати покана за рочиште и треба да се одреди датум за судење.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби