Екстремните диети на актерите

Познато е дека актерите понекогаш одат во крајности за да се подготват за некоја улога. А, многумина се впуштаат во опасни диети за слабеење што потоа и самите не ги препорачуваат.



Тие преобразби честопати се нездрави и крајно опасни.

Мила Кунис глумеше балерина во филмот „Black Swan” од 2010 година, а за да се вклопи во улогата, одлучила и да слабее, па ѝ се вратила и на штетната навика за пушење цигари. Меѓутоа, вели дека изгубила нездрава количина килограми и сега никому не би препорачала да го направи тоа.

– Јас воопшто не го поттикнувам ова… Бев пушач, пушев многу цигари и трошев огромна количина калории, изјави Кунис.

Ен Хатавеј ослабе 11 килограми за улогата на проститутката во филмот „Клетници“. Според „Вог“, таа јадела само две порции овесна каша дневно, з, како што вели, нејзиниот лик „да изгледа што поблиску до смртта“.

Кристијан Бејл е можеби еден од најекстремните актери кога станува збор за преобразба на своето тело за улога. Тој слабее, но и се здебелува. Трансформацијата што остави најголем впечаток кај публиката беше губењето на 55 килограми за филмот „Машинист”.

Бејл во денот пиел црно кафе и јадел една конзерва туна и едно јаболко. Потоа одлучно решил дека тоа мора да престане.

Метју Меконахи јадел само риба, зеленчук, белки од јајца и пудинг од тапиока, при снимањето на „Dallas Buyers Club”. Taкa тој изгубил 24 килограми за оскаровската улога на човек со ХИВ/СИДА од 1980-тите. Стигнал од 85 на 61 килограм за само пет месеци.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби