Искрено со Елена Петреска: Со позајмени 280 денари од Прилеп дојдов во Скопје бидејќи мојот сон беше музика

Елена Петреска долги години е дел од музичката сцена, a 15 вработена во МОБ. Иако се повлече од јавноста, вели дека нон-стоп има настапи со својот бенд.



За Илинден, доволна беше една реплика на социјалните мрежи за да го сврти вниманието на јавноста по настапот со хорот на МОБ во Крушево. Таа реплицираше на статус околу спорната строфа од песната „Во борба македонски народе“ и по ова следеа куп негативни коментари за неа.

-Многу пати сум била жртва на сајбер булинг. Јас пеев со хорот на МОБ, и по објавата дека намерно е исфрлена строфа од песната, сакав да го кажам моето гледиште. Бев само искрена, ама тука во Македонија луѓето сакаат да веруваат во сценарија и заговори. Јас одбирам да не верувам во сценарија, вели Петреска за Репортер.

На прашањето дали ја повредија коментарите и тоа што ја поврзаа со политичка партија вели: „Јас никогаш не сум собирала политички поени и не сум пеела патриотски песни за да се додворам некому. Стојам на моите ставови и не дозволувам да ме обземе лажен патриотизам“.

Сопруга, мајка на две деца, музичар. Ретко кој знае дека зад насмевката се крие личност која долги години се бори со анксиозност.

-Долго време се соочувам со ова, а сè почна по моето разочарување поради финансиски проблеми, во времето на студиите кога од Скопје се вратив во Прилеп. И сега се борам со паничните напади, ама знам да се контролирам, искрена е Петреска.

Зборувавме за животот во Скопје, времето кога дошла тука од Прилеп, но и разочарувањата кога била во финансиска криза.

Љубовната приказна, пак, со сопругот Андреј почнала кај него дома, бидејќи ѝ требал како вели „ај ти“ за во тоа време да ѝ извади слики од спотот. „Практично дома му дојдов, за работа, и еве нè 10 години во брак“.

Елена слуша рок, сака алтернативни кафулиња, ама не знае да направи прилепски ширден. „Мајка ми прави, јас не научив“, искрена е пејачката.

Зборуваме и за естетските корекции па вели: „Носот го оперирав два пати, на устата ставив филери и тоа е сè. Луѓево мислат дека се боцкам или сум пластична. Не е така. Сите ние се излажавме по оние филтри од телефоните", вели Петреска.

За животот во Скопје, разочарувањата, музичката кариера, анксиознота, мајчинството, ја погодија ли навредите по Илинден, во интервјуто за Репортер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби