Во Скопје не ја бива без вино и кафеана: Хрватскиот актер Горан Богдан на гезме со Бјелогрлиќ

Хрватскиот актер Горан Богдан е во Скопје за премиерата на филмот „Чичко“, со кој се отвора филмскиот фестивал „Киненова“. Во филмот кој е психолошки трилер игра заедно со Мики Манојловиќ. Публиката, пак, го памти како Мустафа Голубовиќ од „Сенки на Балканот“, серија за која зборува со сто мераци. Особено што со Драган Бјелогрлиќ и денес се дружат.



-Се запознавме кога почнавме да ја снимаме серијата, но до денес се дружиме и веќе ја снимаме третата сезона на серијата, вели хрватскиот актер.

Горан Богдан играше и во серијата „Фарго“ со Јуан Мекгрегор. Освен што на цела екипа им правеше скара на тераса, за Холивуд вели: „Ма тоа ти е како мало дете кога ќе отиде во Дизниленд“.

Ретко кој знае дека има запишано 8 факултети. Дипломирал економија, но дента кога требало да почне да работи во министерство за финансии, не дошол на работа туку на прием на глума. Го примиле и така почнала актерската приказна.

-Тоа што имам осум индекси не е за пофалба. Не знам ни ја со кој памет го правев тоа, вели актерот.

Родителите му се професори, а тој има две сестри и се тројца браќа. „Бевме вкупно 8, сосе моите. И секогаш ни беше весело. Со најмалиот брат сум 17 години разлика. -Види, ние бевме многу, ама сме една убава фамилија и никогаш не сме биле страдни за храна, да речеме како Оливер Твист“, раскажува Богдан за „Репортер“.

За љубовта со актерката Јована Стоилковиќ не сака да зборува, иако медиумите наголемо пишуваат за нивната врска. Ни откри дека во Скопје се дружи со повеќе македонски актери. „Нема бегање кога си тука, од кафеана и вино. Да не се лажеме. Едвај чекам да седнеме“, искрен е актерот.

Живее во Загреб, ама роден е во Широки Брег. Ужива да готви, а некогаш бил финалист во натпревар за кулинарство. „Порано живеев како клошар, јадев кај ќе стигнев, ама сега си го уредувам станот и најубаво ќе ми биде уредена кујната“, вели Богдан.

Рокер кој по малку слуша народно, актер кој игра во Холивуд, малку напорен додека зборува, ама духовит, каков е Горан Богдан приватно, гледајте го интервјуто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби