По 8-тата чашка сфативме дека „Ja bez tebe ne mogu da živim“ ќе биде хит

Не постои седенка во кафеана, свадба, собир без песните на легендата на народната музика Халид Бешлиќ. Конечно, првпат во Скопје ќе има голем концерт на 26 ноември кога пред скопската публика ќе ги отпее своите најголеми хитови. Иако неодамна имаше сообраќајна несреќа, а пред две години операција на срцето, вели дека се чувствува добро и дека ќе пее додека е жив.

-Ми вградија два стента. Јас не ни одев на лекар претходно, ама почнав да чувствувам замор. На последниот концерт пеев седнат на стол. Е, потоа ми открија затната артерија и веднаш во болница, ме ставија на апарати. Операцијата помина во ред и еве ме, фала богу, добро сум“, открива Бешлиќ за „Репортер“.

За него велат дека е едноставен човек кому ниту славата ниту парите никогаш не го смениле сите овие години.

-Ја сум таков по природа. Однесувањето си го носам според домашното воспитување, од селото од каде што сум дојден на границата со Романија. Дојдов како тинејџер во Сараево, ги прифатив правилата на градот и сфатив дека кога ќе расчистиш со себе и со докажувањето, можеш да бидеш едноставен човек и покрај популарноста.

Од дете ја засакал народната музика кога како мал цели денови слушал народно на радио. Почнал да пее во обични биртии, потоа пеел во малку поотмени кафеани и на крајот, како вели, запеал во најотмените.

-За мене велат: 'има еден мал таму пее во Сараево, напишете нешто за него. Така и излезе првпат текст за мене во весник, кој цело утро го чекав за да го купам, се сеќава Бешлиќ.

Песната „Necu, necu dijamante “ го направи славен, иако половина година текстот за песната го носел во џебот. „Таа песна ме намести на скалата на естрадната хиерархија на која сум и денес, вели Бешлиќ.

Раскажа и како настанала „Miljacka“, но и сега најпопуларната „Ja bez tebe ne mogu da zivim” за која по осмата чашка алкохол, сфатиле дека ќе биде хит.

Интересна е анегдотата за филмот „Каралула“, каде што го наместиле, место своја, да пее песна од Халид Муслимовиќ.

-Му бев лут на Бреговиќ, бев лут како рис, ама, ете, ја отпеав.

Со својата Сејда вели е во брак од минатата ера. Таа е жената што го разбира и не го прашува каде ќе оди и кога ќе се врати.

-Не знам да готвам, ама сум романтичен. Сејда ми е сè. Да сум разведен, немаше пак да се женам. Но, сега и да сакаме да се разведеме, не можеме, се шегува Бешлиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Светски научници се собрале да тестираат кој е најјак алкохолен пијалак. За експериментот зеле 3 глувчиња, на првото му дале текила, на второто вотка, а на третото ракија....
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1807.- Во Ница, е роден Џузепе Гарибалди,...
1826.- Умре Томас Џеферсон, трет претседател на...
1884.- Во знак на сеќавање на раѓањето на САД на...
1934.- Во Париз умре Марија Кири-Склодовска,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби