Жртвите на Џефри Епстин тужат две големи банки

Жени кои го обвинија Џефри Епстин за сексуална злоупотреба, поднесоа тужби и против „JP Morgan Chase“ и „Deutsche Bank“. Во обвинението на двете тужителки, се вели дека компаниите имале корист и заработиле од сексуалната трговија на Епстин.



– Епстин и неговиот круг на луѓе не можеа да извршат насилство врз жртвите без помош на богати поединци и финансиски институции. Нема да престанеме со борбата за жртвите, сѐ додека сите кои биле вклучени (во злоупотребите, б.п.), не ја преземат одговорноста. Ова е голем чекор, но не и крај… Дојде време да се повикаат на одговорност оние кои ги овозможија злоупотребите, особено богатите пријатели на Епстин и финансиските институции што одиграа клучна улога, изјави еден од адвокатите на двете жртви, Бредли Едвардс.

За потсетување, милијардерот си го одзеде животот во затворска ќелија додека го чекаше судењето по обвинение за сексуална трговија со малолетници. Тужбите против банките беа поднесени вчера во Њујорк, САД, а во нив беше побарана финансиски надомест.

Според тужбата против „Џ.П.“, неименуваната жена била злоставувана од Епстин и неговите соработници во времето 2006 – 2013 година. Се наведува дека банката знаела дека сметките се користат за трговија со луѓе поради идентитетот на лицата кои подигнале големи суми пари, како и „добро документираната криминална историја“ на Епстин.

Дојче банк претходно призна дека направила „голема грешка“ со работата со Епстин. Но, гласноговорникот на банката вчера изјави дека смета оти тврдењата во тужбата се неосновани и дека аргументите за ова ќе ги изнесат на суд.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби