Принц Хари: Некои од кралското семејство „легнаа со ѓаволот“ во полза на својот углед

Принцот Хари изјави дека со новата книга „Spare“ и новото разоткривање на раздорот со британското кралско семејство, тој всушност, сака да се обиде „да ѝ помогне на монархијата и да ги промени медиумите“.



Во првото од серијата ТВ-интервјуа, она за британската „ITV“ емитувано вчера, пред официјалното објавување на неговите мемоари, Хари обвини некои од членовите на семејството дека „спиеле со ѓаволот“ – жолтиот печат, за да го оцрнат него и неговата сопруга Меган, во корист на својот углед. Тој изјави и дека ја напуштил Велика Британија со своето семејство преселувајќи се во Калифорнија во 2020 година „плашејќи се за своите животи“ и истакна дека веќе не може да ги препознае својот татко, кралот Чарлс Трети и постариот брат, престолонаследникот, принцот Вилијам.

– После многу, многу години лаги кои беа кажани за мене и моето семејство, доаѓа миг кога, навраќајќи се на односот меѓу одредени членови на семејството и таблоидниот печат – овие одредени членови решија да „спијат со ѓаволот“… За да си го поправат нивниот имиџ!, рече Хари.

– Во мигот кога оваа рехабилитација станува штетна за другите – за мене, за другите членови на моето семејство, тогаш повлекувам линија, нагласи тој.

Во интервјуто, Хари ги повтори и ги прошири обвинувањата што тој и Меган ги упатија по повлекувањето од нивните кралски должности – дека кралското семејство и нивните помошници не само што не успеале да ги заштитат од непријателскиот, а понекогаш и расистички печат, туку и активно дозволувале приказни за нив преку анонимни извори.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Охрид е еден од најубајте градој на Балканот, овде и природана и воздухон се толку чисти шо дури со години никој немат умрено - им раскажува туристичкиот водич на групата...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1685.- Лондон го зафати голема епидемија на чума...
1939.- Советските единици врз основа на...
1943.- Во селото Подвис, кичевско почна да...
1961.- Со основано сомнение дека е жртва на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби