Мемоарите на принцот Хари најбрзо продавана книга во Велика Британија

Контроверзните мемоари на принцот Хари станаа најбрзо продаваната британска книга, од 1998 година досега.



Книгата го собори претходниот рекорд од 210.506 продадени примероци поставен од првата книга за готвење од серијата „Pinch of Yum Yum“, од Кеј Алисон во 2019 година. Според интернет-страната „Nielsen Bookdata“ што собира и нуди податоци за дистрибуцијата и продажбата на книги, автобиографијата на Хари, „Spare“ ce продала во 467.183 примероци во првата седмица на пазарот.

Во книгата, принц Хари,тврди дека неговиот брат, принцот Вилијам физички го нападнал и се исмејувал со неговите напади на паника и дека татко им, кралот Чарлс Трети ги ставил своите интереси над оние на Хари, а воедно бил „љубоморен“ на Меган и Кејт – сопругите на Хари и Вилијам.

„Spare“, што всушност ја напиша американскиот автор Џ.Р. Моурингер е единствената нефикционална книга во првите 10 најбрзо продавани книги во Велика Британија. На врвот на овој список се четири книги за Хари Потер на Џ.К. Роулинг, а петта е „Изгубениот симбол“ од Ден Браун. „Spare“ е на шестото место.

Инаку, првата книга на листава – „Хари Потер и реликвиите на смртта“ е апсолутен рекордер. Таа се продаде во 2,63 милиони примероци во првата недела од објавувањето во 2007 година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби