Рон Џереми прогласен за ментално неспособен

Порноѕвездата Рон Џереми е прогласен за ментално неспособен на судско рочиште, во процесот по вкупно 34 обвинененија за силување и сексуални злосторства извршени врз 21 жена во период од повеќе од 20 години.



Рон Џереми (69) е во затвор од неговото апсење во јуни 2020 година, а според обвинителството, напаѓал жени на возраст од 15 до 51 година, од 1996 до 2019 година. Порно актерот се изјасни невин во август 2021 година, за повеќе од 30 точки од обвиненијата за сексуален напад, вклучително и 12 точки за силување, во Округот Лос Анџелес. Се соочува со повеќе од 300 години казна затвор.

Судијата на Врховниот суд во Лос Анџелес на сослушувањето објави дека утврдил, врз основа на извештаите на обвинителите и одбраната, дека актерот боледува од „неизлечиво неврокогнитивно нарушување“. Адвокатот што го застапува Џереми во март 2022 година образложи дека неговиот клиент не можел да го препознае својот застапник при посета во неговата ќелија пред судско рочиште.

Сослушувањето за одлуката дали порно актерот ќе биде сместен во државна болница, ќе се одржи на 7 февруари, соопшти канцеларијата на окружниот обвинител.

Рон Џереми е еден од најпознатите порно актери во историјата и се појавил во повеќе од 1.700 филмови од 1979 година, кога ја почнал својата кариера.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби