Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон официјално ги добија титулите принц и принцеза од Велс

Британскиот принц Вилијам и принцезата Кетрин - Кејт Мидлтон, се и официјално титулирани како принцот и принцезата од Велс. Иако тие титули беа објавени од кралот Чарлс Трети уште во септември 2022 година, поточно ден по смртта на покојната кралица Елизабета Втора, тие досега не беа официјализирани.



-Во согласност со насоките на Неговото височество, кралот, Писмата за патент го минаа Големиот печат на Кралството, датиран на 13 февруари 2023 година, за востановувањето на Неговото кралско височество, принц Вилијам Артур Филип Луис, војвода на Корнвол Ротези и Кембриџ, ерл на Керик и Стратерн, барон на Ренфрју, барон Керикфергус, К.Г., К.Т., лорд на Островите и принц и голем стјуарт на Шкотска, принц на Велс и ерл на Честер“. Тоа е сега целосната официјална титула на принцот Вилијам, според „Газет“, официјалното државно гласило на Обединетото Кралство.

Според кралската традиција, Писмата за патент се „отворен документ од суверенот, кој може да се користи за изразување на волјата на суверенот, на пр. за да се додели канцеларија или да се создаде нов партнер“.

Така, сега принцот Вилијам и неговата сопруга Кетрин Мидлтон официјално ќе бидат нарекувани и војводата и војвотката од Корнвол и Кембриџ, и принцот и принцезата од Велс.

Сепак, познавачите ќе забележат дека на неколку членови на кралското семејство сè уште не им се потврдени нивните нови титули. Тоа се секако, принцот Арчи и принцезата Лилибет, т.е. тригодишниот син и едногодишната ќерка на принцот Хари и Меган Маркл, бидејќи официјалната страница на кралското семејство сè уште ги наведува како господар Арчи Маунтбатен-Виндзор и госпоѓица Лилибет Маунтбатен-Виндзор, без споменување на титулите принц и принцеза.

Војводата и војвотката од Сасекс, принцот Хари и Меган Маркл, според западни медиуми, се чини, се деградирани - бидејќи на официјалната страница, нивната позиција во рубриката „Членови на кралското семејство“ сега е под онаа на принцот Едвард, неговата сопруга Софи, грофицата од Весекс и принцезата Ана.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби