Мирослав Илиќ пред концертот во Скопје: Никогаш не ѝ прозборев на Лепа Брена

Легендата на народната песна, Мирослав Илиќ, половина век е на музичката сцена. За славејот од Мрчaјевци надалеку се знае, но и покрај неговата популарност, тој е прилично едноставен, а со себе носи цел багаж музички и животни приказни.За Скопје го врзуваат младоста, студентските денови на Електротехничкиот факултет, кој никогаш не го завршил поради љубовта со сопругата Гордана, со која почнал да живее во Скопје и оттогаш до денес се заедно.

-Живеев во населбата Пролет, спроти Феријалниот дом. Од многу љубов не го завршив факултетот, раскажува Мирослав Илиќ. И додава: Денес ми е криво што не завршив факултет затоа што, искрен да бидам, не се чувствувам комплетен без дипломата.

На 73 години се чувствува одлично. На шега вели: Кога ќе отидам во Мрчајевци, пријателите ми велат: аман Мирославе, остаревме. А јас им велам, ама кој не остарел.

Почнал да пее за да преживее не мислејќи дека еден ден ќе стане славен. Најголемата улога ја одиграла мајка му, која од мал го учела да пее, но не дочекала да ја види неговата популарниот.

-Почина млада, а јас тогаш паднав во депресија. Искрено, не сакав повеќе да пеам. Се откажав од музиката, но ме убедија татко ми и сопругата. Имам една песна за мојата мајка, која никогаш не собрав храброст да ја отепам, вели Илиќ.

Навивач е на „Црвена звезда“, но најголемата љубов му е селскиот клуб „Орловац“, кој дури и го финансирал, само затоа што татко му секоја недела одел да гледа фудбал. Илиќ е побратим со бугарската фудбалска ѕвезда Христо Стоичков.

-Се запознавме во Бугарија на една моја турнеја. До денес се дружиме. Тој ми е побратим. На времето кога играше Барсело на ПСЖ, тој од терен истрча преку рекламите да се поздрави со мене. Цела трибина Шпанци гледаат во мене, а јас од Мрчaјевци главна фаца на трибините, се шегува Илиќ.

Не е тајна дека со Лепа Брена беа најпопуларни во времето на Југославија, но денес не зборуваат и секој си го тера својот пат.

За сопругата Гордана вели: 50 години сме во брак, таа не е некоја што ќе седи дома и ќе плете, опасна жена е. А ако некој најмногу може да ме изнервира, тоа е таа, која ми е најголема поддршка во текот на сите овие години“, вели Илиќ

Со мерак зборува за фудбалскиот натпревар меѓу Југославија и Белгија на стадионот во Скопје.

-Билетот беше многу скап, па со двоглед од скопското Кале го гледав натпреварот, вели тој.

За популарноста во Југославија, за разделбата со Брена, со која денес не зборува, како почнал од нула да ја гради кариерата, за внуците кој не знаат да пејат, а ниту неговите деца не се музикални и уште многу приказни - гледајте го интервјуто.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби