Весна Петрушевска: Заљубена сум, ама не смеа да кажам во кого!

„Нешто конкретно“ во најновото издание ги пречека Весна Петрушевска, Викса, Јаков Спасов и Розалија Секулоска. Со оглед на тоа дека Јаков пристигна на снимање ден после раѓањето на неговата ќерка, прашањето за него беше дали сака во иднина да го препознаваат како татко на Гаја или син на Дац, тој ја одбра втората опција. А кога сме кај темата синови на познати актери во емисијата се дебатираше и колку е тешко да работиш како актер, а да си син на актер.

Јаков призна дека е особено тешко затоа што секогаш си споредуван со својот родител и тешко можеш да изградиш сопствен стил, на што Весна Петрушевска искоментира дека Јаков според неа има посебен шарм и оти воопшто не го споредува со Дац.

Весна Петрушевска беше прашана дали би ја вратила „Вртелешка“ на телевизиските екрани, а таа одговори дека нема таков план.

-На Вртелешка работевме многу посветено 10 години и постигнавме нешто што никој не успеа досега, оставам простор на другите да го работат тоа, јас сега се занимавам со друг телевизиски проект, рече Весна.



Темата во емисијата беше Дали среќата со пари (не) се купува, па зборувавме и за парите. На прашањето дали човекот се чувствува дека има поголема вредност ако му биде кажано дека ќе земе поголема плата. Петрушевска кажа дека се нервира кога ќе и биде понуден хонорар што е под цената за еден актер, „им кажувам дојди јас да ти платам и не ми се јавувај повеќе никогаш“, рече таа. Јаков додаде дека тоа е така затоа што постојат актери што прифаќаат ниски суми и тие ја рушат цената.

Омилениот радио водител, Викса, изјави дека среќата му ја нарушуваат лошите песни, глупавите идеи, животот во Македонија почитичко-социјално, но за среќа тој знае да се однервира и да се теши.

На крајот од емисијата на гостите им се придружи најмалата најголема актерска ѕвезда на македонското небо Иринеј од „Дајте музика“ кој зборуваше за искуството како млад актер, за тоа како другите деца го доживуваат него и за булингот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби