Милош Биковиќ: Сакам да го посетам Берово, за да видам од каде потекнувам

Српскиот актер Милош Биковиќ првпат ја посети Македонија, иако по дедо има потекло од Берово. Во Синеплекс премиерно беше прикажан рускиот филм „Предизвик“ во кој ја игра главната улога. Филмот е прв во историјата снимен во вселената во режија на рускиот режисер Клим Шипенко. Не бил никогаш во Берово местото од каде потекнува негов дедо по таткова линија.

-Да, Биковски. Мислам Биковиќ, тогаш дедо ми го променил презимето затоа што било некое правило на Југославија. Еден од дедовците, односно брат му на дедо ми останал Биковски, а другиот Биковиќ. Така одлучиле едниот да е Србин, другиот Македонец. Не сум бил досега во Берово, но планирам да го посетам, рече Биковиќ за Репортер.

Во Македонија пиеше бело видно затоа што вели му е полесно, а оттука нема да замине пред да ја проба македонската кујна за која вели „Ја сакам македонската храна, и мислам дека Македонија има добро вино, храна и добра песна“.

Иако беше дојден за премиера на негов филм кој ќе се прикажува во нашата земја, го прашавме дали досега изгледал филм од македонската кинематографија, на што призна дека во последно време нема погледнато ниту еден македонски филм.

Кога има напорен ден, се релаксира со читање книга, а понекогаш и сака да патува. За новиот филм „Предизвик“, вели дека кога првпат го прочитал сценариото, она што му го привлекло вниманието е предизвикот да ги научи стручните термини за торакалната хирургија, подготовката на космонаутите кои поминуваат во вселената.

-Да се најдеш во таа центрифуга, авион кој паѓа и кој е единствен на светот кој ви дава можност да бидете во бестежинска состојба, сите тие работи кога ќе се искомбинираат е комплексна задача. Замислете се наоѓате во центрифуга која ви дава 4Г, четири пати од вашата тежина. Ако имате 30 килограми или 50, вие имате 200 килограми, такво е чувството. Другиот предизвик е да се најдеш во авион кој паѓа, и во моментот кога паѓа вие имате бестежинска состојба и при тоа да глумите на руски јазик. Во истиот тој случај да го познавате процесот на торакалната хирургија и сето тоа се предизвици кои мора во исто време да се направат, раскажа Биковиќ за главната улога во филмот „Предизвик“ за кој информираат регионалните и светските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби