|
|
Софија Лорен на итна операција по пад во својот дом Софија Лорен вчера била примена на итна операција, по претрпени неколку скршеници, откако паднала во нејзиниот дом во Швајцарија.

Според извор близок до актерката, постои „внимателен оптимизам“ за исходот од операцијата и закрепнувањето потоа. Италијанската филмска икона која на 20 септември наполни 89 години, паднала во бањата и се здобила со повеќе скршеници кај колкот и сериозна фрактура на бутната коска, изјави неименуваниот извор за „Холивуд репортер“ .
Лорен требаше да отвори ресторан во Бари, источна Италија, на 26 септември - тоа ќе биде четвртата гостилница што го носи нејзиното име.
Легендарната актерка требаше да стане и почесен граѓанин на тој град, но сега сите ангажмани се откажани, до наредното известување.
|
|
|
|
 |
|
 |
 |
IDIVIDI Речник
|
|
|
|
Powered by MagnumPRO |
|
 |
Виц на денот |
|
Разговор пекаде на Балканот: "Зошто ја пративте ќерката да студира филозофија?" "Па, кога ќе се омажи, додека му прави ручек на мажот, да има за што да размислува!"
|
|
|
 |
Состојба на патиштата |
|
|
|
 |
Верски календар |
|
|
|
 |
На денешен ден |
|
- Денеска е Ден на Европа
1502.- Славниот џеновски морепловец Кристофер...
1800.- Роден е Џон Браун, американски фармер,...
1805.- Во Вајмар умре Фридрих Шилер, еден од...
|
|
|
 |
Хороскоп |
|
|
 |
|