Викторија Бекам за прв пат проговори за болката што ја претрпела по тврдењата за наводната афера на нејзиниот сопруг Дејвид со Ребека Лус.

Речиси 20 години откако се тврдеше дека тој и неговата лична асистентка се зближиле додека тој играл во Шпанија за Реал Мадрид, г-ѓа Бекам откри дека месеците потоа биле „најтешките“ во нејзиниот живот и дека повеќе не чувствувала дека се двојка.
-Тоа е беше најтешкиот период за нас бидејќи изгледаше како целиот свет да е против нас, а ако треба да бидам потполно искрена и ние бевме еден против друг. До Мадрид, понекогаш изгледаше како да сме ние наспроти сите други, но бевме заедно, бевме поврзани, се имавме еден со друг...Но, кога бевме во Шпанија повеќе не се имавме еден со друг...И тоа е тажно, објасни Викторија.
Во меѓувреме, Бекам призна дека сè уште не знае како ја пребродиле кризата во 2003 година, но тој и неговата сопруга знаеле дека мора да се „борат за своето семејство“ кога аферата за изневерувањето ги полнеше насловните страници со месеци.
Поранешниот капитен на Англија, раскажа дека „се чувствувал физички болен“ додека тој и Викторија се обидувале да го спасат бракот.
-Вредеше да се бориме за она што го имавме. Имаше денови кога ќе се разбудев и ќе помислив: „Како ќе одам на работа? Како ќе одам на тој терен за обука? Како ќе изгледам како ништо да не се случува?' Се чувствував физички лошо секој ден кога ги отворав очите: „Како ќе го направам ова?“, објаснува Дејвид.
Синоќа, парот присуствуваше на лондонската премиера на документарецот од четири дела на Нетфликс, насловен Бекам, кој го опфаќа неговиот живот од детството до неговата најнова улога како косопственик на американскиот тим Интер Мајами.