Кошула што му припаѓала на Принс продадена за над 33.000 долари

Сценска облека, гитара, накит, бележник и други предмети што му припаѓале на музичко-модната мегаѕвезда Принс, се продадени на аукција за вкупно 675.000 долари, објави вчера аукциската куќа „.PSP Auctions”.



Интернет-наддавање траело од 25 октомври до 16 ноември. Меѓу 164-те предмети во сопственост на францускиот бизнисмен Бертран Брилоа - човек кој 20 години бил во најтесниот круг соработници на Роџерс Нелсон, попознат како Принс, има и бела стилизирана кошула што достигнала цена од над 33.000 долари.

Брилоа, роден во Париз, Франција, како колекционер, со години собирал и купувал предмети што му припаѓале на Принц. Потпретседателот на компанијата, Роберт Ливингстон смета дека „неверојатно внимание ѝ се посветило на колекцијата“ што му припаѓала на американскиот пејач и уметник кој, инаку, почина 2016 година.

Кошулата е продадена за 33.219 долари, а пар сини чизми со високи потпетици за на сцена - беа купени за 24.079 долари. А, пак, сината гитара од марката „Schecter cloud” е продадена за 64.514 долари.

Аукциските куќи од цел свет нудат музички инструменти, лични предмети и облека на поп-ѕвездите, што е извор на голема заработка. Компанијата „Julien's Auctions“ на пр. минатата недела во Нешвил, Тенеси, САД, продаде гитара на починатиот Курт Кобејн за повеќе од 1,5 милиони долари, и една што му припаѓала на Ерик Клептон - за речиси 1,3 милиони.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
- Меѓународен ден на уништување на оружјето.
1441.- Умре фламанскиот сликар Јан ван Ајк, еден...
1519.- Шпанскиот освојувач Ернан Кортез се...
1762.- Рускиот цар Петар Трети Фјодорович...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби