Аксл Роуз обвинет за силување што се случило во 1989 година

Пејачот на „Ганс ен' роузис“, Аксл Роуз е обвинет дека брутално силувал модел и „ја влечел по подот како пештерски човек“ во хотелска соба во Њујорк, САД, пред повеќе од 30 години. Тужбата е поднесена вчера.



Со застрашувачки подробноти, обвинението на Шејла Кенеди во Врховниот суд на Менхетен ја опишува насилната и крвава случка во луксузниот хотелски апартман во „Central Park West“ во февруари 1989 година. Се запознале претходно истата ноќ во ноќен клуб.

-Кенеди е сведок на тоа Роуз како насилно има секс со друга жена. Тој ја повлекол и Кенеди во неговата спална соба, како пештерски човек и со однос на неконтролиран бес. Роуз физички ја спречил да замине. Кенеди била заробена, се наведува во тужбата.

Роуз ги негираше обвинувањата преку неговиот адвокат Алан Гутман.

- Г-дин Роуз не се сеќава дека некогаш се сретнал или разговарал со тужителката и никогаш не слушнал за овие измислени наводи до денеска, изјави правниот застапник.

Тужбата наведува четири точки на обвинение - физички напад, телесни повреди, намерно нанесување емоционална вознемиреност и родово мотивирано насилство.

- Случајот (Кенеди), за жал, е премногу типичен за „културата на насилство и сексуално недолично однесување“, којашто беше дозволена и опстојуваше со десетлетија. Тука не се работи само за поединечни музичари кои ја минуваат границата, туку цел систем во оваа индустрија што го овозможуваше, а потоа и прикриваше на нивното недолично однесување и злосторства, по што следеше замолчување на преживеаните и нормализирање на сексуалниот напад, истакна адвокатката на жртвата, Ен Оливариус.

Делото на Кенеди нагласува дека таа доживува симптоми на посттрауматски стрес „секогаш кога ќе го слушне името на Роуз или музиката на 'Ганс ен' роузис',“ страда од анксиозност и депресија и има „неповратно влијание“ на проблемите со самодовербата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Ало, Министерство за финансии ми треба.
- Грешка сте, тука е Министерство за развој.
- Ништо, и на вас да ви ебам мајката.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1844.- Умре Џон Далтон, англиски хемичар и...
1880.- Во Каиро умре иранскиот шах во бегалство...
1981.- Почна со работа новата Железничка станица...
1992.- Во Скопје, во чест на започнувањето на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби