Лажни, сексуално експлицитни слики од Тејлор Свифт генерирани од вештачката интелигенција, деновиве се раширија низ платформите на социјалните медиуми.
Ова мошне ги вознемири обожавателите на пејачката кои упатија повик кон законодавците да ги заштитат жените и да се справат со платформите и технологијата што шири такви слики.
Една слика споделена од корисник на X, беше прегледана 47 милиони пати пред профилот да биде суспендиран во четвртокот. X затвори неколку профили кои објавуваа лажни слики од Свифт, но сликите беа споделени на други платформи на социјалните медиуми и продолжија да се шират и покрај напорите на компаниите да ги отстранат.
Додека од X изјавија дека работат на отстранување на сликите, обожавателите на поп-ѕвездата ја преплавија платформата во знак на протест. Тие објавија поврзани клучни зборови, заедно со реченицата „Заштитете ја Тејлор Свифт“, во обид да ги потопат експлицитните слики и да ги отежнат пронаоѓањето.
Reality Defender, компанија за сајбер безбедност со 90 отсто уверување утврди дека сликите се создадени со помош на модел на дифузија, технологија управувана од A.I. достапна преку повеќе од 100.000 апликации и јавно достапни модели.