Васка Леонтиќ: Сакав да бидам многу позната, кога ќе пројдам сите да паѓаат во транс!

Во „Нешто конкретно“ оваа недела зборуваме за тоа дали жените се плашат од силни жени. Дали на жената со став и е многу потешко да стигне до зацртаната цел или напротив многу полесно. Дали позади секоја јака жена стојат многу жени кои што превртуваат со очи и се користољубиви и дали силната жена е инспирација или фрустрација?



На оваа тема дебатираме со Данела Арсовска, Пулексенија Јовановска, Васка Леонтиќ и Зуица Лазова.

Денеска силни и успешни жени, но какви беа тие во средно? Васла Леонтиќ зборува за своите почетоци, како авангардна средношколка таа често била бркана од часови затоа што се облекувала поинаку од останатите, вели ретки беа професорите што успеаја да го забележат мојот талент. Таа откри дека сите оние другарки што ја викаа фризерка тогаш, за своите свадби дојдоа кај фризерката да си ја средат косата.

На прашањето дали сакала да биде кралица или принцеза кога била мала Зуица Лазова одговори дека ниту едно ниту друго. Таа себеси се опишува како машкоданка и немирно дете чиј татко постојано бил повикуван поради проблемите што ги правела.

Готват ли силните жени по дома? Данела Арсовска вели дека нема проблем со готвењето, но има со времето, поради големите обврски се поретко се стигнува дома за ручек.

Таа себеси се смета за добар возач иако во последно време ретко вози, но не смета дека тоа е поврзано со карактерот на жената, вели дека е битна желбата и афинитетот, ако се сака се може.

Што би земала Пулексенија Јовановска од силните жени низ светот? Таа од Кралицата Елизабета го одбра кралството, од Џенифер Лопез мажот и кариерата, од Ангела Меркел строгоста, од Северина смелоста, од Клеопатра начинот на кој што ја пренесе негата на жената и од македонската домаќинка трпението.

Гледајте ја целата емисија и слушнете ги целосно приказните што за себе ги раскажаа овие четири силни жени.

Емисијата „Нешто конкретно“ се емитува секоја недела во 17.00 часот на Телма.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Малата камила која мечтае да се омажи доаѓа во посредничка агенција. Подготвувајќи се да даде податоци, признава:
-Само, знаете, имам една физичка мана . . .
-Навистина? А...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на танцот
1429.- Жан д'Арк (Јованка Орлеанка) на чело на...
1628.- Шведска и Данска во Штраслунд склучија...
1769.- Роден е Артур Велингтон, англиски...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби