Банкрот во Холивуд: Некои од најпознатите подеми и падови

И покрај многубројните инспиративни приказни за познати личности ширум светот кои се избориле со финансиските тешкотии од детството и успеале во животот, понекогаш се случува и спротивното. Славата во некои случаи се изродува во расипништво и трошење со катастрофални последици, а на тоа не се имуни ниту музичарите, ни филмските ѕвезди. Следат неколку примери.

Николас Кејџ



Пред многу години овој американски актер важеше за една од најплатените ѕвезди на Холивуд. Сепак, тој трошеше голем дел од своето богатство, на пр., на октопод од 150.000 долари, или череп од диносаурус од 276.000 долари којшто на крајот ѝ го врати на Владата на Монголија откако се покажа дека е украден. Во еден миг, „оскаровецот“ од „Напуштајќи го Лас Вегас“ поседуваше 15 куќи ширум светот, вклучувајќи и два имоти во Европа. На крајот, заврши со данок од 6,3 милиони долари.

Крис Такер

Иако заработи десетици милиони долари за трите филма под наслов „Rush Hour”, во 2021 година, американските даночни власти го обвинија комичарот за 9,6 милиони долари неплатени даноци за 2002, 2006, 2008 и 2010 година. Минатата година тој постигна спогодба и се согласи да плати 3,6 милиони долари.

Тони Брекстон

Со песната „Un-Break My Heart“ , американската поп-пејачка е една од најпродаваните женски музички изведувачи во историјата. Но, таа двапати поднесе барање за стечај, а како причина ја наведе музичката индустрија. Пејачката наводно добила само 1.972 долари како хонорар од нејзиниот прв договор.

Таа признава, сепак, и дека била „опседната“ со уредување на својот дом. И дека „во еден миг изгубила допир со реалноста“.

Ем-си Хамер

Според „Форбс“, овој музичар во 1990 година на сметката имал 33 милиони долари. Но, трошел многу пари на скапи предмети, вила со два базени, гаража за девет автомобили, четири машини за миење садови, сала за музички проби... Тој банкротирал во 1996 година со долг од 10 милиони долари.

Вили Нелсон

Иако е можеби еден од најуспешните кантри-музичари на сите времиња, и тој се најде во неволји со даночните власти. Во 1990., неговиот имот, заедно со терен за голф и студио за снимање, беа запленети. Пејачот потоа склучи договор со Владата и го сними албумот „The IRS Tapes: Who'll Buy My Memories“ за да го плати својот долг од 16 милиони долари.

Ким Бесинџер



Во 1989., „оскаровката“ од „Л.А. доверливо“ го купи Бразелтон - населба со 500 жители, за 20 милиони долари. Наводно, таа планирала да го обнови градот и да изгради филмско студио. Сепак, се повлече од договор за филм, за што беше тужена. Кога ѝ беше наложено да плати над осум милиони долари за прекршување на договорот, таа поднесе барање за банкрот и подоцна постигна спогодба, но и првиот проект пропаднал.

Стивен Болдвин

Во 2009 година, најмладиот од браќата Болдвин банкротираше. Холивудската ѕвезда тогаш наводно имаше и даночен долг од два милиони долари, а во 2013 година се изјасни виновен дека не поднел даночни пријави три години по ред и се согласи да плати 300.000 долари заостанат данок.

Френсис Форд Копола

За режисерот на „Кум“ и „Апокалипса сега“, токму неговата следна голема надеж - филмот „One from the Heart” од 1981 година, му донесе огромни загуби. Имено, овој проект со буџетот од 26 милиони долари, заработи едвај нешто над 600.000 долари. Сѐ тоа повлече три барања за стечај.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби