Блејк Лајвли повторно обвинета за клевета

Американската актерка Блејк Лајвли е обвинета од фирма за управување со кризи, во врска со судирот меѓу неа и нејзиниот круг истомисленици, од една страна, и од друга - режисерот Џастин Балдони и неговиот круг истомисленици. Спротивставените страни се поврзани со филмот „Ова завршува со нас“ (It Ends with Us), каде што Лајвли и Балдони глумеа заедно.



Џед Валас од фирмата „Street Relations”, во жалбата поднесена до Федералниот суд на Тексас во вторникот, ја обвинува Лајвли за клевета затоа што го вмешала во своите судски спорови со Балдони. Валас бара отштета од најмалку 7 милиони долари и официјално признавање дека не е вмешан во акт на вознемирување или одмазда против актерката.

Лајвли истиот ден претходно побара сменување на Валас. Според познавачи, тоа може да било и подготвителен потег, пред актерката да го додаде како обвинет во нејзината тековна тужба против Балдони и неговата компанија „Wayfarer”.

Во поднесокот на Лајвли се тврди дека Валас „создал дигитална армија којашто ќе промовира содржина што се чини автентична, на платформите, социјалните медиуми и форумите за разговор“ на интернет. Целта, според актеката, била тој потфат „да влијае на јавното мислење“ со што би се предизвикало нејзино оцрнување.

Тужбата на Валас од 10 страници тврди дека Лајвли со своите обвиненија за вознемирување, сексуално вознемирување и одмазда, поттикнува расправија без докази.

Лајвли, се тврди, „даде лажни изјави за печатот преку приватен административен поднесок, тврдејќи дека г-н Валас и 'Стрит рилејшнс' сексуално ја вознемирувале, ѝ се одмаздувале, помагале и поттикнувале други да го прават истото, прекршиле договор со неа и се вклучиле во друго несоодветно однесување“. Валас, од своја страна, вели дека никогаш не се сретнал, ниту разговарал со Лајвли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби