Деми Мур: Ќе беше навистина прекрасно да добиев „Оскар“

Американската актерка Деми Мур проговори за губењето на „Оскарот“ за најдобра женска главна улога оваа година, не криејќи го разочарувањето... Имено, престижното филмско одличје, наместо нејзе, ѝ припадна на Мајки Медисон за „Анора“, потсеќа „Дејли мејл“ (Daily Mail).



Оваа година, Мур освои „Златен глобус“, „БАФТА“, како и „Наградата на здружението на филмски актери (САГ)“ за нејзината улога во филмот „Супстанција“ (The Substance) во режија на Корали Фаржа. За таа улога следеа и претходеа десетици други признанија, но не и „Оскарот“. Но, актерката, која е на почетокот од седмото десетлетие од својот живот, тврди дека и претходно веќе претчувствувала дека Медисон ќе победи, па дури и „му го шепнала тоа“ на филмскиот продуцент Џејсон Вајнберг, како што вели.

- Не знам зошто, но го знаев тоа. Бев потполно смирена и прибрана. Не бев уништена. Не чувствував ништо од тие тешки емоции. Само имав верба, и сè уште имам, во сѐ што и допрва ќе се случи, изјави Мур.

Таа досега не е наградена со ниту еден „Оскар“, а овогодишната ѝ е единствена номинација во кариерата.

- Секако дека физичкиот, човечки дел од мене кој има его, се чувствува разочаран. Ќе беше навистина прекрасно да победев, призна Мур.

Наредните месеци, Деми, на снимањето во Тексас ќе ја повтори улогата во втората сезона на „Лендмен“ (Landman). Нејзината помлада колешка, пак, „оскаровката“ Медисон допрва треба да објави нови проекти, а неодамна ја одби главната улога во новиот филм „Војна на ѕвездите“ во режија на Шон Леви, во којшто главната улога ќе ја глуми Рајан Гослинг.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Како Црногорци градат автопат?
- Ќе направат 10 километри и ќе стават знак "итн."

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби