Кевин Костнер тужен за сцена на силување надвор од сценариото

Жена каскадер која работела на вестернот „Хоризонт: Американска сага - Поглавје 2“ ги тужи режисерот, Кевин Костнер и продуцентите за присилно учество во „насилна, непланирана сцена на силување“ без претходна најава или координатор за интимност.



Девин ЛаБела, која била главна замена на актерката Ела Хант, изјави дека по сцената останала со трајна траума и затоа бара јавно извинување и материјална компензација за нанесената штета. Адвокатот на актерот пак вели дека тврдењата се неосновани.

Според тужбата, сцената на силување без сценарио се случила во мај 2023 година, еден ден откако ЛаБела снимила слична без инциденти. Г-дин Костнер, се вели во тужбата, вметнал дополнителни сцени што требало да се снимаат со друг машки актер во кои тој се качувал на г-ѓа Хант и насилно го кревал нејзината здолниште.

Овие дополнителни сцени не биле наведени во дневниот план за снимање и не биле направени никакви договори со координатор за интимност, кој работи со актерите пред и за време на сцените со голотија или симулиран секс за да се осигура дека се чувствуваат удобно.

Откако Хант одбила да ја сними сцената и го напуштила снимањето било побарано од нејзината замена да го заземе нејзиното место. Таа не била подготвена за сцената, а кога ги дознала деталите снимањето веќе било започнато.

Aдвокатот на Костнер, изјави дека тврдењата на ЛаБела се спротивни на нејзините постапки. Тој рече дека сцената за која станува збор ѝ била објаснета, таа ја вежбала и дала индикација дека е спремна да ја сними.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

- Што вика плавуша кога ќе и дувнете во уво?
- Фала за идејата.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1594.- Во Венеција умре Јакопо Робусти...
1809.- Во Виена, умре Франц Јозеф Хајдн, прв...
1872.- Во селото Влахи, Пиринска Македонија, е...
1942.- Чехословачките патриоти го убија водачот...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби