Диди доби стоечки овации во затворот по добиените пресуди

Шон „Диди“ Комбс доби долго ракоплескање од другите затвореници кога се вратил во затворот откако доби ослободителни пресуди за обвиненијата за можен доживотен затвор. Според неговиот правен застапник, пак, тоа можеби било „најдоброто нешто што можел да го направи за затворениците црнци“ во САД.



- Сите велеа: „Никогаш нема да видиме некој што победува против Владата“. Му велам (на Диди): „Можеби твоја судбина во животот е да бидеш човекот што победува“. Тие треба да видат дека некој може да победи. Мислам дека тој го сфати тоа сериозно, изјави адвокатот Марк Агнифило за тамошните медиуми, неколку дена откако поротата го ослободи Комбс од обвиненијата за трговија со луѓе и заговор за рекетирање.

Диди (55) останува во Федералниот затвор во њујоршката општина Бруклин по пресудата против него за обвиненијата поврзани со проституција, што би можело да го одведе во затвор уште неколку години. Секоја одредена казна ќе го вклучи времето што тој веќе го отслужил. Досега, тоа се речиси 10 месеци.

Пресудата во Федералниот суд на Менхетен дојде откако тим од осум адвокати на одбраната предводени од Агнифило ја убеди поротата во невиноста на раперот. Во вкрстеното испрашување, во текот на два месеци, говореа 30-на сведоци, вклучувајќи и поранешни вработени на Комбс.

Агнифило го покажа на дело она што рече дека ќе биде негова стратегија на одбраната - снижување на сериозноста на обвиненијата и исмејување на истрагата против нив - минатиот септември, кога „преку случајот против Комбс, Федералната влада дојде и во нашите спални соби“, рече тој. За видеото во коешто Диди ја тепа својата девојка Касандра „Кеси“ Вентура, адвокатите се труделе тоа на ниту еден начин да не изгледа како трговија со дрога.

Адвокатите аргументираа пред поротниците дека Диди бил љубоморен семеен насилник, со проблеми со дрога и со свингерски начин на живот во којшто биле вклучени и неговите девојки... „Но, тоа, едноставно, не е трговија со луѓе“, како што рече неговата адвокатка Тени Герагос.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1943.- Радио Алжир ја објави капитулацијата на...
1943.- Ослободен е Дебар.
1944.- Ослободени се Пробиштип и Крушево.
1949.- Умре Рихард Штраус, германски композитор...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби