Лекарот на Џексон прогласен виновен за убиство

Личниот лекар на Мајкл Џексон, Конрад Мари, е прогласен за виновен за убиство без предумисла за смртта на Кралот на попот, пренесоа светските агенции.

Поротниците се советуваа цели девет часа пред да дојдат до нивната едногласна одлука.

Доктор Мари се изјасни за невин за давањето на смртоносната доза од силното приспивно средство пропофол, што се смета за главната причина за смртта на ѕвездата на 25 јуни 2009 година.

За време на шестнеделниот судски процес обвинението наведуваше дека Мари пројавил груба професионална небрежност, затоа што на Џексон му дал пропофол во домашни услови за да му помогне да спие, додека пејачот се подготвувал за серија концерти, кои требаше да го одбележат неговото враќањена сцената.

Обвинителите, исто така, наведуваа дека Мари не ја следел состојбата на Џексон, го забавил барањето итна медицинска помош и на лекарите не им кажал дека на пациентот му дал пропофол.

Одбраната на Мари тврдеше дека Џексон сам ја зел фаталната доза пропофол.

При објавувањето на одлуката на поротниците над 100 фенови на Мајкл Џекосн се појавија пред судот со гласни пароли во одбрана на делото на нивниот миленик.

Судијата во процесот нареди Конрад Мари да се притвори до објавувањето на пресудата, што се очекува на 29 ноември.

Мари (58) го напушти судот со лисици на рацете и им беше предаден на затворските власти.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На заставник во војска му требале ситни пари за кафе. Забележал обичен војник кој бришел под во касарната и го прашал:
- Војник, дали имаш да ми раситниш 100 денари?
- Аха.
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1536.- Отсечена и е главата на Ана Болен, втората...
1649.- За првпат е употребен називот...
1762.- Роден е Јоахн Готлиб Фихте, еден од...
1802- Наполеон Бонабарта во Франција го...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби