Во пресрет на денешната премиера на новиот VIP Survivor, српски Puls објави дека нашата Александра Накова е една мошне жива девојка.

По првичните информации дека атрактивната русокоса завршила во прегратките на манекенот Владимир Вуксановиќ, следува нова пикантерија. Изгледа дека Александра и физички се пресметала со една од учесничките во шоуто, Станија Доброевиќ.
Плејбој зајачицата збеснала откако споменатата Станија почнала јавно да го критикува однесувањето на нашата учесничка. На Доброевиќ не и се допаднало тоа што Накова по врската со Владимир, флертувала и со хрватскиот мистер Радован Стошиќ, па сè почесто дофрлала различни коментари. Девојките најпрвин започнале вербална расправија по што започнале да се туркаат и удираат пред камерите.

-Продукцијата мораше да реагира и двете беа дисквалификувани бидејќи потпишаа договор со одредени правила, открива изворот Puls, но не објаснува дали девојките биле дисквалификувани од една игра или пак од целото шоу.
Дали приказната е вистинита или пак не, останува допрва да видиме.