Откако Ештон Качер во популарното шоу на Џими Кимел реши малку да се опушти со шегите, па му се обрати на Чарли Шин и далеку од културно го замоли да прекине да го споменува во неговите твитови, целата работа излегува од контрола.

Имено, откако Чарли беше исфрлен од една од најгледаните хумористични серии, „Two and a Half Man“, тој постојано го плука и го коментира според него лошото глумење на својот наследник Ештон Качер. Сепак, очигледно по последните неколку злобни твитови на Шин, на Ештон му „пукна филмот“.
- Може ли сега јавно да му испратам порака? Човеку дај е*ено затни си ја муцката! Сериозно, доста е веќе! Поминаа три години, а се уште ме плукаш на Твитер? Сериозно, човеку ?!“, рече „вознемирениот“ и потоа додаде на крајот дека сепак се шегува. (овој дел во видеото може да го видите на 3:45)
На ова контроверзниот Шин не остана покусо, возврати но првично изрази жалење за претходните изјави.

- Пораката на Ештон е примена. Многу ми е жал што звучеше како мене! Одлично! Моја кривица. Бев нервозен на друг па ти го на**а. Се надевам дека си добро!, стои во првиот твит на Чарли, по кој следеше голем пресврт.

- Но, новост! Човече, ако уште еднаш, само еднаш, кажеш да заќутам ќе те испратам во болница за најмалку една година, напиша Шин, кој очигледно не успеал да се воздржи да не напише нешто луто.
Нам барем оваа втора реакција на Чарли не не чуди, повеќе не чуди првата, во која сака да ја смири „топката“.