Деталите за венчавката на годината на Џорџ Клуни

Џорџ Клуни и Амал Аламудин ќе го кажат судбоносното „да“ во понеделник на 29 септември и тоа во романтичната Венеција. Сега, сите очи се вперени во Венеција, каде што освен ѕвездите од шоу бизнисот ќе се упатат и „обичните смртници“ – фанови на овој пар.



Венчавката, која ќе ја обележи оваа година со оглед дека 53-годишниот Клуни е еден од најпосакуваните ергени, е една од главните теми на светските медиуми токму оваа недела. Главните нагодувања се за гостите кои ќе присуствуваат на свадбата. До сега е познато дека Клуни поканил 150 колеги од шоу бизнисот, но и негови пријатели. Како што пренесуваат странските медиуми, на списокот на гости до сега се најдоа Бред Пит и Анџелина Џоли, Мет Дејмон, Синди Крафорд, Боно, Андреа Бочели и Лана дел Реј.



Церемонијата ќе се одржи во ресортот „Aman Canal Grande“, кој има 7 ѕвезди, додека парот ќе се венча во палатата „Ka’ Farsetti“, која има неверојатна градба од 19 век.

Едно ноќевање во хотелот чини од 1.000 до 3.200 долари! Ентериерот преовладува со луксузност и елеганција, исполнети со фрески и свеќници на плафонот. Со оглед на тоа дека е изграден во 1550 година, овој хотел го имал првиот елеватор, електрични свеќници и телефонски системи во Венеција. „Aman Canal Grande“ може да се пофали со библиотеки со поглед кон каналот, тераса на покрив и приватни градини.



Клуни побарал од персоналот целосна дискреција, што дури ни во поканите не ја пишува точната локација. И покрај богатството на Клуни, родителите на Амал инсистирале да ја платат церемонијата на нивната ќерка.



Амал ќе се појави во невестински фустан дизајниран од Сара Бартон од модната куќа на Александер Меквин. Истата дизајнерка ја креираше и венчаницата на Кејт Мидлтон во 2011 година, па според тоа можеме да очекуваме навистина интересна креација. За разлика од неа, Клуни ќе си го задржи неговиот класичен стил.

Кум на венчавката ќе биде Ренди Гербер, долгогодишниот пријател на Клуни и сопруг на Синди Крафорд, додека кума ќе биде помладата сестра на Амал, Тала.



Гостите ќе бидат сместени во хотелот „Cipriani“, каде што Клуни е чест гостин. Овој хотел има 5 ѕвезди, но не е ништо помалку од претходниот хотел, со оглед на тоа дека Клуни ги резервирал собите за гости во кои отседнувала и принцезата Дајана во нејзините денови кога ја посетувала Венеција.

Жителите на Венеција ова го гледаат како одлична реклама за нивниот град, но се загрижени за општиот хаос кој ќе настане, со оглед на тоа дека фановите предвреме ги резервирале речиси сите хотели од 25 до 29 септември, специјално за да ѕирнат на венчавањето на годината.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Одела овца по патот и кога сакала да помине низ една ограда се заглавила, Поминува тука некој Американец, ја гледа овцата и си вели:
"Ех, да беше ова Мерилин Монро." И си...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини...
Верски календар
На денешен ден
- Светски ден на културната различност.
1471.- Роден е германскиот сликар и бакрорезец...
1471.- Во лондонскиот затвор „Тауер“ е убиен...
1527.- Роден е шпанскиот крал Филипе Втори, кој...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби