Зависност од секс, депресија...: Сличности со ликовите кои ги играат!

Холивуд за актерите претставува свет на можности и сништа. Актерите ја прикажуваат сликата за себе низ улогите кои тие ги играат во филмовите и ТВ сериите. Меѓутоа, некои глумци ги играат толку добро своите улоги, па можеме само да си го поставиме прашањето дали тие само глумат, или пак се вистинските тие. Некои од овие актери целосно се пронајдоа во улогите кои ги играат, или пак ги затекнала слична судбина.

Кристофер Рив



Познат е по улогата на Супермен, но тоа не е причината зошто се најде на оваа листа. Рив исто така глумеше и во напнатиот трилер како Демпси Кај, наречен „Above Suspicion“ во 1995-та. Во овој трилер, тој ја играше улогата на парализиран офицер кој планира да ја убие својата жена бидејќи го изневерува. Лоша вест во оваа приказна е дека во рок од една недела од прикажувањето од филмот, Кристофер падна од коњ и после таа несреќа тој остана парализиран од вратот надолу.

Хју Лори



Хју Лори ја играше водечката улога во една од најпознатите медицински драми во историјата „Хаус“. Во вистинскиот живот, Хју не е доктор, но е врвен актер, музичар, автор, комичар и пејач. Секој кој гледал некоја епизода од 12-те сезони на „Хаус“ сигурно барем еднаш си помислил дека Хју е лекар и во вистинскиот живот. Тој јавно има изјавено дека се бори со тешка клиничка депресија, и дека и понатаму прима терапија.

Дејвид Духовни



Дејвид Духовни го игра ликот на Хенк Муди, писател во популарната серија Californication. Главниот проблем на ликот на Дејвид е неговата желба за секс. Оваа улога него го доведе до проблеми во бракот, па сега тој се бори да си ја задржи фамилијата заедно. Ситуацијата од серијата му се преслика и во вистинскиот живот кога Дејвид издаде соопштение во 2008-та дека се бори со зависност од секс.

Чарли Шин

Чарли Шин е познат по улогата на ликот кој го одигра во популарната ТВ серија, Два ипол мажи како Чарли Харпер, улога која беше точно прикажување каков е тој во вистинскиот живот. Чарли Харпер е лик кој се забавува со многу млади жени, тој е плејбој, како и парти манијак и ништо не сфаќа премногу сериозно. Тој е совршен опис на Чарли и во вистинскиот живот, а главни разлики помеѓу нив двајца е што едниот е актер, а другиот не е. Тој негов немарен однос го доведе и до губење на својата улога во серијата. Во вистинскиот живот Чарли помина време зад решетки, влегуваше и излегуваше од рехабилитација, имаше и три брака. Можеме да заклучиме дека Чарли Шин дефинитивно е Чарли Харпер.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...
Хороскоп

Овен Бик Близнаци Рак Лав Девица Вага Скорпија Стрелец Јарец Водолија Риби