In Memoriam: Бата Живојиновиќ

Легендата на српската и југословенска глума, Велимир Бата Живојиновиќ почина синоќа на возраст од 82 години во болницата Света Сава во Белград, јавија српските медиуми.

На Живојиновиќ на почетоков на месец мај му беше ампутирана ногата и по серијата здравствени проблеми почина синоќа во 22.45 часот во Белград.



Актерот кон крајот на животот се бореше со серија на здравствени проблеми, како мозочен удар, срцеви проблеми и гангрена на ногата поради која замина на третман во Куба.

Бата Живојиновиќ уживаше во долга и плодна кариера не само на филм, туку и на телевизија, а и на театарските штици. Своето филмско деби го имаше во 1955-та година со филмот Pesma sa Kumbare, а дел од најпознатите филмски улоги тој ги оствари во филмовите како Валтер го брани Сарајево, Битката на Неретва, Битката на Сутјеска...



Живојиновиќ во 60-те и 70-те беше дел од повеќе филмови во холивудска и европска продукција, а во 80-те и 90-те беше присутен и на малите екрани со култните серии како Бољи живот и Срећни људи.

Семејството на Живојиновиќ не објави детали поврзани со датата за одржување на погребот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Маж и жена, кои порано никогаш не се виделе, се нашле заедно во воз. Се стемнило и си легнале. Мажот легнал на горниот кревет, а жената на долниот. Сред ноќ мажот се наведнал кон...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1289.- Основана е инквизицијата, суд на...
1521.- Под команда на султанот Сулејман Втори,...
1619.- Роден е Жан Батист Колбер, француски...
1632.- Роден е англискиот филозоф Џон Лок. Како...