„Игра на тронови" и „Прекрасната г-ѓа Мајсел" со најмногу Еми награди

Серијата „Игра на тронови" на американската кабелска телевизија HBO беше удостоена со наградата Еми за најдобра драмска серија на 70-тата церемонија за наградите Еми,што се одржа синоќа во театарот „Мајкрософт" во Лос Анџелес.

По третпат, „Игра на тронови" ја доби наградата Еми во оваа категорија. Наградата се смета за еквивалент на Оскарите. За оваа категорија имаше вкупно 22 номинации. „Игра на тронови" ги победи сериите „Американци", „Круна", „Приказната на слугинката", „Почудни нешта", „Западен свет" и „Тоа сме ние".

Во категоријата за најдобар комичен серијал наградата ја однесе „Прекрасната г-ѓа Мајсел“ на Амазон - приказна за еврејска сопруга, изневерена и оставена од сопругот, кој започнува нов живот и предизвикува скандал. Серијата ги победи во трката комичните серии: „Атланта", „Бери" „Блекиш" (Black-ish“), „Силиконската долина", „Нескршливата Кими Шмит".

Во категоријата за најдобар минисеријал победи продукцијата на каналот Еф Екс „Убиството на Џани Версаче".

Британската актерка Клер Фој ја доби наградата Еми за најдобра актерка во драмска серија за улогата на младата кралица Елизабета Втора во серијата „Круна".

Британскиот актер Метју Рис беше награден со „Еми" за најдобар актер во драмската серија „Американци".



Тeнди Њутн доби Еми за најдобра актерка во споредна улога во драмска серија „Западен свет". Наградата „Еми" за најдобра споредна машка улога во драмска серија му беше доделена на Питер Динклиџ за неговата улога во „Игра на тронови".

За најдобра актерка во комедија беше прогласена Рејчел Броснан за „Прекрасната г-ѓа Мајсел“. За најдобар актер во комедија беше прогласен Бил Хадер за улогата во „Бери“. Хенри Винклер доби наградата за најдобар актер во споредна улога во комичниот серијал „Бери". Алекс Борштајн ја доби наградата за најдобра споредна улога во комедијата серија за „Прекрасната г-ѓа Мајсел“.

За минисерија за најдобар актер е прогласен Дарен Крис за „Убиството на Џани Версаче", а за најдобра актерка Реџина Кинг за „Седум секунди". За споредни улоги наградени беа Џеф Даниелс и Мерит Вивер за минисеријата „Заборавени од богот".

За режија на драмска серија беше одликуван Стивен Долдри за „Круна", а за комичен серијал Ејми Шерман – Паладино за „Прекрасната г-ѓа Мајсел“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува човек во кафана и прашува:
- Кој е овде посилен од мене?
Стануваат тројца батки:
- Ние сме!
- Е па, дојдете да го бутнеме југово.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Роден е францускиот крал Анри Втори, татко...
1563.- Со мировен договор во Амбоаза заврши...
1628.- Англичаните во Америка ја основаа...
1629.- Роден е рускиот цар Алексеј Михајлович...