Латино дивата, Џенифер Лопез (49) деновиве ги снима првите сцени од нејзиниот нов филм „Hustlers“ во кој ќе можеме да ја видиме во улогата на стриптизета.
Папараците веќе направија неколку ексклузивни фотки од сетот на филмот, а Џеј Ло сподели и две фотки каде е „облечена“ во розово бикини кое очигледно е дел од стриптиз сцените.
Пејачката со месеци се подготвуваше за улогата со строги диети и напорен тренинг, а од неодамна зема и часови за играње на шипка.
Филмот треба да ја има својата премиера во 2020-та.