Премиера на последната сезона на „Game of Thrones“

Премиерата на осмата и последната сезона на HBO хит серијата „Игра на тронови“ (Game of Thrones) ќе биде достапна во Македонија преку HBO GO услугата од 15. април, а на HBO каналот ќе се прикажува истиот ден во 3:00 часот по полноќ, во исто време како и американската премиера и повторно во 20:00 часот.



Врз основа на популарната серија на книги од авторот Џорџ Р. Р. Мартин, „Игра на тронови“ претставува епска приказна која се одвива во Вестерос, каде што летата и зимите траат со години а само желбата за моќ е вечна.

Во Седумте кралства на Вестерос, тој што го контролира Железниот трон има неверојатна моќ, а во серијата се работи за подемот и падот на неколку семејства кои се обидуваат да ја зграпчат таа моќ по секоја цена. Ова е приказна за дволичноста и предавството, благородништвото и честа, освојувањето и триумфот. Во „Игра на тронови“ или сте победник или умирате.

Како најгледана серија во историјата на HBO и светски телевизиски феномен, „Игра на тронови“ до денес има освоена бројни признанија, вклучувајќи и 47 „Еми“ награди.

Во главните улоги ги гледаме: Питер Динклиџ, Николај Костер-Валдау, Лина Хиди, Емилија Кларк, Кит Харингтон, Лијам Канингам, Софи Тарнер, Мејси Вилијамс, Алфи Ален, Гвендолин Кристи, Џон Бредли и Кристофер Хивју.

Режијата на новата сезона која има шест епизоди е на Дејвид Бениоф, Д.Б.Вајс, Дејвид Натер и Мигел Сапочник. Покрај Бениоф и Вајс, сценаристи на последната сезона се и Брајан Когман и Дејв Хил.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...