Отворен Филмскиот фестивал во Кан

Со премиерата на комедијата „Мртвите не умираат“ на американскиот режисер Џим Џармуш, синоќа беше отворен 72. Меѓународен филмски фестивал во Кан. Жирито овој пат го предводи мексиканскиот режисер и оскаровец – Алехандро Ињариту.

Во зомби-комедијата, глумат Адам Драјвер, Бил Мјури и Тилда Свинтон.

Отворањето на Фестивалот го обележа и страсниот говор на Ињариту за плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за изградба на ѕид на границата со Мексико, индиректно споредувајќи ги со нацистичката реторика од 30-тите години во 20 век.

Забележително беше и празното столче со натпис „Агнес В” (за Варда), во чест на француската филмска режисерка родена во Белгија, која почина во март годинава, на 90 години. На отворањето беше изведена и песната „Without You“ од нејзиниот филм „Клео од 5 до 7″.

Свое деби на фестивалот ќе имаат и филмот на Квентин Тарантино – „Си беше еднаш во Холивуд“, како и биографскиот филм за Елтон Џон, „Рокетмен“.

Лани во Кан, 82 жени протестираа поради нееднаквост на половите на славниот фестивалски црвен тепих, поради што уметничкиот директор Тјери Фремо вети поттикнување полова рамноправност.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца дрво пијани седат на улица... По некое време здогледуваат некој полицаец како оди накај нив...
- Гиго, Гиго... ти гарантирам дека полицаецов што иде навака е педер!
-...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1535.- Британскиот филозоф и државник сер Томас...
1867.- Под притисок на Канаѓаните, британската...
1871.- Рим стана престолнина на Обединета...
1960.- Формирана е обединета и независна...