Два македонски филма во трка за наградата „Лукс“ на фестивалот во Карлови Вари

Филмовите „Господ постои, името и е Петрунија“ на Теона Митевска и документарниот филм „Медена земја“ на Љубо Стефанов и Тамара Котевска влегоа во трката за значајната награда „Лукс“ на 54. издание на филмскиот фестивал во Карлови Вари. Во селекцијата од десет филмови на оваа програма што ја прави Европскиот парламент, Северна Македонија е единствена земја селектирана со не еден, туку два филма.

Европскиот парламент, кој во континуитет ја поддржува европската кинематографија, десетте селектирани филмови за наградата „Лукс“ ги објави вчера, а истата ја соопштија Хелга Трупел, потпретседател на Комитетот за култура и образование на ЕП, Мартина Длабајова, потпретседател на Комитетот за буџетска контрола, и Дорис Пак, координатор на наградата „Лукс“.

За потесниот избор на десетте филма дебатирале 21 европски филмски професионалци кои внимателно за оваа година во финалната селекција вклучија четири филма на женски режисерки, два документарни филма и значајно присуство на мали земји како Северна Македонија, од која зедоа дури два филма. Половина од селектираните филмови се европски копродукции.



Според пропозициите, од десетте филмови три ќе бидат избрани како конкуренти за наградата „Лукс“ и таа ќе биде врачена на 27 ноември во Стразбур.

Со успехот на филмот „Господ постои, името и е Петрунија“, кој имаше премиера во официјалната програма на Филмскиот фестивал во Берлин, и повеќекратниот победник на фестивалот „Санденс“, филмот “Медена земја“, овие два филма незапирливо го продолжуваат успехот. Филмовите се поддржани од Агенцијата за филм на Северна Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...