Посебен видео материјал за Star Wars: The Rise Of Skywalker викендов беше прикажан пред публиката на D23 Expo, во Калифорнија.
Lukasfilm денеска и официјално го објави видеото онлајн.
Специјалната снимка од деветтото продолжение на познатата франшиза започнува со сцени од претходните делови од сагата, а завршува со Реј, која судејќи по она што го гледаме преминува на темната страна.
Трик или неочекуван крај? Останува да видиме на 20-ти декември.