HBO премиера: Пристигнува научната фантастика „His Dark Materials“

Наградуваната трилогија на Филип Пулман, која се смета за ремек дело на научната фантастика, сега е преточена во нова HBO серија „Неговите темни материјали“ (His Dark Materials) чија премиера е закажана за 4. ноември на HBO GO. Веќе следниот ден, гледачите ќе можат да ја гледаат премиерата и на HBO каналот во 20 часот.



Серијата ја следи Лира (Дафни Кин), навидум обична, но храбра млада жена од друг свет. Лира е во потрага по својот киднапиран пријател и открива заговор во кој се вклучени украдени деца, што доведува до откривање на таинствен феномен наречен „Прашина“. Додека таа патува низ световите, Лира среќава едно решително и храбро момче по име Вил. Тие заедно се соочуваат со натприродни суштества и опасни тајни, а судбината на живите, но и на мртвите, лежи во нивните раце.

Покрај Дафни Кин, во главните улоги ги гледаме и Рут Вилсон (добитничка на „Златен глобус“ за улога во серијата „Афера“), Лин-Мануел Миранда (добитник на награда „Тони“ за претставата „Хамилтон“), Џејмс Мекавој, Кларк Питерс, Џејмс Козмо, Ен Мари Даф, Вил Кин и Арион Бакар.

Извршни продуценти на серијата се Ден Мекулок, Џејн Трантер, Џоел Колинс и Џул Гарднер за Bad Wolf, Филип Пулман, Џек Торн, Том Хупер, Ото Бетхерст, Дебора Форте, Тоби Емерих и Керолајн Блеквуд за New Line Cinema, како и Бен Ирвинг и Пирс Вагнер за BBC One.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...