„Врба“ во кината во Скопје и низ земјата

По светската премиера на Филмскиот фестивал во Рим, филмот „Врба“, и Милчо Манчевски, мајсторот на филмот, се враќаат дома. Светските критики се уште не стивнуваат. Досега преку 20 светски медиуми напишаа позитивни рецензии за филмот.



На 1 ноември е закажана премиера на филмот во Македонска филхармонија, но она што е куриозитет е што од истата вечер филмот почнува со киноприкажување во неколку кино сали на Синеплекс, во Милениум, во Битола, Штип, Охрид, а во неделите што следат, филмот ќе биде на редовниот репертоар во овие кино сали.

-За нас е привилегија да го прикажеме филмот пред домашната публика, која сметаме дека не треба да чека за да го види филмот. Затоа во исто време со официјалната премиера која ќе биде на 1 ноември во Македонската Филхармонија, филмот ќе има паралелно кино прикажување и во Синеплекс и Милениум во Скопје, во домот на културата во Битола, Штип и Охрид, а во преговори сме и правиме напори во исто време да игра и низ целата држава. Во Прилеп прикажувањето ќе почне од 4 ноември. Во следниот период филмот ќе продолжи да си игра на редовен репертоар во овие кино сали, вели продуцентот на филмот, Јане Ќортошев.

За многу кусо време светската критика се огласи со многу позитивни мислења, а на денешната прес конференција, пред новинарите, режисерот Манчевски, изјави дека не бил изненаден од пофалните зборови за филмот:



-Процесот на правење беше за првпат пријатен и целосно професионален поради посветениот и фокусиран тим, предводен од Јане Ќортошев, Ник Пауел и Иан Прајор. „Врба“ е трагедија со хепи-енд. Има и тажни моменти, ама и многу хумор и радост - како и животот. Премиерата и ја посветуваме на Марко Ќортошев, кој е врсник на „Врба“ и се роди на неколку дена пред премиерата.

Куриозитет е што филмот има машка и женска верзија. Манчевски за тоа вели: „Не се разликуваат многу, ама едната е подинамична, а другата подлабока. И двете се подеднакво интересни - на различен начин. Женската верзија ќе се прикажува во Синеплекс, а машката во Милениум.“

Италијанскиот Cinematographe меѓу другото вели:

-Величествена македонска филмска приказна, која се појавува моќно, драматичен еп за три македонски жени и нивната желба за семејна љубов. Делото на Манчевски е многу покомплексно одошто може да се замисли.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...