Серијата „Преспав“ ќе се емитува во Бугарија

По три сезони емитувани пред македонската публика, серијата „Преспав“ ќе се прикажува и на бугарска национална телевизија БТВ.



– „Преспав“ е првиот ТВ хит од Македонија што ќе се емитува пред бројната бугарска публика. Навистина сум горд на овој успех и особено сум им благодарен на сите професионалци вклучени во реализацијата, како и на поддршката од МРТВ, изјави продуцентот на серијата Пеце Талески.

„Преспав“ ќе се емитува на БТВ Комеди секој ден од понеделник до петок во 17 часот, а за викенд ќе следуваат репризи.



Продукцијата ОхО информира дека во моментов се снима четвртата сезона од „Преспав“, а со новите 20 епизоди ќе биде одбележан јубилеј 100 епизоди „од најуспешната ТВ серија во македонскиот медиумски простор“.

Емитувањето на четвртата сезона ќе почне од декември 2019 година на првиот канал на МРТВ, а епизодите ќе бидат достапни и на каналот на „Преспав“ на YouTube.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...