Џејмс Дин повторно „ќе глуми” во филм

По повеќе од 60 години по својата смрт, Џејмс Дин ќе се појави во филм со помош на специјални ефекти што „ќе го оживеат“ ликот на овој американски актер, потврди продукциската куќа „Magic City films”.



Во долгометражниот филм „Finding Jack“ чие снимање почнува наскоро, Џејмс Дин ќе ја има улогата на Роган.

Во изработката на специјалните ефекти ќе учествуваат канадското студио „Imagine Engine” и јужноафриканското „MOI Worldwide“. Притоа ќе се користи технологијата „full body” која создава слика во движење на човек, врз основа на негови фотографии и видео снимки.

„Magic City films” ги има правата за користење на ликот на Џејмс Дин, кои ги откупи од неговото семејство.

– Неговите најблиски ова го доживуваат како негов четврти филм, што тој никогаш не успеа да го сними… Нема да ги разочараме ниту нив, ниту неговите обожаватели, изјави Антон Ернст, претставник на продукциската компанија и помошник режисер на Тати Голик.

Џејмс Дин загина на 30 септември 1955 во сообраќајна несреќа, на 24-годишна возраст, кога со своето Порше удри во друг автомобил во Калифорнија. Се појави во три филма – „Бунтовник без причина”, „Источно од рајот” и „Џин”, а за последниве два беше номиниран за Оскар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...