Во Тајпеј редици за автограм од Манчевски

Час и половина чекаше тајванската публика во 20-метарска редица за автограм од режисерот Милчо Манчевски. Салите беа преполни и во тајванските медиуми имаше голем одглас азиската премиера на „Врба“ на филмскиот фестивал Златен коњ (Golden Horse) во Тајпеј, Тајван, еден од најголемите фестивали во Азија.



Манчевски е автор во фокусот на фестивалот, и покрај премиерата на „Врба“, како ретроспектива прикажани се и неговите филмови „Пред дождот“, „Прашина“ и „Мајки“.

После првиот ден имаше толку ловци на автограми што следните вечери организаторите подготвија посебна локација со биро и асистенти за редот на вљубеници во филмовите на Манчевски.



По премиерата на „Врба“, Манчевски имаше долга сесија прашања и одговори со публиката која искрено се возбуди од филмот, а следниот ден тој одржа и долг мастерклас во преполна сала.

По повод неговата ретроспектива во Тајпеј, Синдикатот на филмски режисери на Тајван организираше и средба на Манчевски со нивното раководство и со младите режисери.



Куриозитет на престојот на Манчевски во Тајпеј е средбата со најславниот тајвански режисер Цаи Минг-Лианг, со кого пред 25 години во Венеција го освоија Златниот лав.

„Многу ми беше мило, не сме се виделе од Токио во 2001. И двајцата почнавме да правиме понеконвенционални филмови во меѓувреме, јас „Мајки“, „Бикини Мун“ и „Крајот на времето“, тој перформанс-филмови и филмови кои ги прикажува во музеи наместо во кино-сали. Си пуштавме парчиња од филмовите во прогрес на ајпед, се смеевме и шегувавме“, вели Манчевски за средбата со неговиот колега и пријател Цаи Минг-Лианг.

По премиерата,„Врба“ имаше уште две проекции на фестивалот, а по три проекции имаа и неговите филмови во ретроспективата. Проекциите на „Врба“ минаа феноменално – од смеења и воздишки до долги аплаузи и комплименти потоа.

Манчевски за првпат лично присуствува на фестивалот во Тајпеј, но неговите филмови се многу познати и ценети во оваа земја, а по „Пред дождот“ во 1995, сите играле и на фестивалот и во редовната кинодистрибуција во Тајван. Тие се редовен дел од наставата на филмските академии и други факултети во Тајван, а авторот има култен статус како уметник кој на оригинален и особен начин го поима и го третира времето во неговите филмови.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Ловат двајца рибари, не им гризе, си муабетат:
- А бе што имам дома жена, ружна, поружна - здравје!
- Немој бе така, жена ти е!
- Што бе жена, да видиш каква е згужвана у...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1503.- Роден е францускиот астролог Мишел де...
1546.- Роден е данскиот астроном Тихо Брахе, кој...
1788.- Умре германскиот композитор, чембалист и...
1799. - Умре Џорџ Вашингтон, американски...