HBO премиера: Пристигнува „Новиот папа“

„Новиот папа“ (The New Pope), продолжение на хит серијата „Младиот папа“, на оскаровецот на Паоло Сорентино, ќе има премиера на 10. јануари на HBO GO кога во понудата доаѓаат две епизоди. Серијата ќе се емитува и на HBO каналот од 14. јануари во 20 часот.



„Новиот папа“ продолжува таму каде што застана „Младиот папа“. Пие XIII е во кома. Воиело успева да направи умерениот и софистициран англиски аристократ Сер Џон Бренокс да биде избран за папскиот престол, преземајќи го името Јован Павле III. Новиот папа изгледа совршено, но ги крие своите слабости и тајни. Тој веднаш сфаќа дека ќе биде тешко да се заземе местото на неговиот харизматичен претходник. Додека се наоѓа во Ватикан, Воиело се обидува да управува со црквата, која ја тресат скандали, па горните ешалони се во ризик засекогаш да бидат отстранети, а постојат и надворешни закани. Излегува дека Софија и Естер се многу поинакви одошто изгледаат, а кардиналот Гутиереш продолжува да се бори со своите контрадикции. Потоа, еден дел од верниците почнуваат да го идолизираат Пие XIII, кој почнува да испраќа чудни пораки од својот болнички кревет.

Режисер и сценарист на сите епизоди е оскаровецот Паоло Сорентино, заедно со Умберто Контарела и Стефано Бисес. Во главните улоги ќе ги гледаме Џуд Ло и Џон Малкович. Од серијата „Младиот папа“ повторно ќе ги гледаме Силвио Орландо, Хавиер Камара, Сесил де Франс, Лудивин Сање и Маурисио Ломбарди. На веќе постоечката екипа им се придружуваат и Хенри Гудман, Улрих Томсен, Џилија Снигир и Масимо Џини. Во гостинските улоги, во текот на серијата, ќе ги видиме и Шерон Стоун и Мерилин Менсон.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...