„Дедо и внук“: Емотивна приказна со длабока порака

Македонскиот филм „Дедо и внук“ од вечерва  ќе биде на редовниот кино репертоар во „Синеплекс“ со почеток во 19 и 30 часот, во рамките на Балканскиот филмски фестивал.

После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан оди на посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се среќава со проблемите од неговото минато.

Илија Пиперкоски, кој го напиша и сценариото за филмот, успеа да раскаже прекрасна приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат - проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки подоцна во животот на секој од нас, па посетителите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели.

Покрај Салаетин Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. Продуцент е Огнен Антов од „Друм фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“, и е финансиски помогнат од Агенцијата за филм.

Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, а монтажата ја направи Данчо Стефков.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
100 г.п.н.е.- Роден е Гај Јулие Цезар, римски...
1536. - Умре Ротердамски Еразмо, прочуен...
1784. Францускиот професор по физика С....
1884. - Во Ливорно е роден Амадео Модилјани,...