„Врба“ на Манчевски со нов рекорд на гледаност

Шестиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски, „Врба“ ја надмина бројката од 30.000 гледачи, што е рекорд во Македонија.

Ова е најгледан филм во државата за 2019, надминувајќи ги и холивудските блокбастери. „Врба“ е и најгледан македонски филм во последниве години. Во минатото, во времето пред интернет стриминг генералната посетеност на сите кино-претстави беше на друго ниво. На пример, филмот „Прашина“ на Манчевски постави рекорд со 120.000 гледачи во 2001.

„Врба“ од неодамна се прикажува во Кинотека. Неодамна, пред преполна сала, режисерот Манчевски се вклучи во разговор со публиката кој го модерираше филмската критичарка Марина Костова. Разговорот траше повеќе од еден час и во него беа дискутирани аспекти од „Врба“, но и од твоештвото на Манчевски воопшто.

По светската премиера на црвениот ќилим на Меѓународниот филмски фестивал во Рим, каде беше примен со петминутни овации, филмот ја имаше македонска премиера на 1 ноември и оттогаш ги полни киносалите низ цела Македонија. Минатиот месец од Синеплекс објавија дека „Врба“ е најгледаниот филм во нивната историја воопшто. Дистрибутерот на филмот го прикажа филмот во над 20 града во државава.

Поради популарноста на филмот од Синеплекс и Кинотека објавија дека Врба се враќа на нивниот репертоар. Врба ќе игра во два термина дневно (18 и 20 часот) и тоа во: вторник 21 јануари, среда 22., петок 24., сабота 25., вторник 28., среда 29., четврток 30 јануари (само во 17 часот) и сабота 1 февруари. Филмот ќе продолжи да се прикажува и низ Македонија



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...