„Врба“ на фестивалска турнеја во Европа и САД

Најгледаниот филм во Македонија, „Врба“ на Милчо Манчевски, ја продолжува фестивалската турнеја со прикажување на уште четири познати европски и светски фестивали, ФЕСТ во Белград, Синеквест во САД, Фантаспорто во Португалија и Софија.



По светската премиера на „Врба“ на Римскиот филмски фестивал во октомври минатата година и по македонската премиера и киноприкажување од два и пол месеци, со кое ги сруши сите рекорди на гледаност, филмот беше дел од официјалните програми на светските фестивали во Тајпеј и Талин.

На престојниот 48. Меѓународен филмски фестивал ФЕСТ во Белград (од 28 февруари до 8 март), „Врба“ е во главната натпреварувачка програма, со првата проекција на 2 март, и уште две, на 3 и 4 март. Во историјата на ФЕСТ впишани се големи актерски и режисерки имиња, кои биле гости, како Марчело Мастројани, Харви Кајтел, Бернандо Бертолучи, Софија Лорен, Роберт Де Ниро, Милош Форман, Вим Вендерс, Џони Деп... Досега ФЕСТ имал преку 4 милиони гледачи и речиси 4.000 значајни филмски наслови, како од домашната и регионална продукција, така и од светската.

Од ФЕСТ, „Врба“ патува на 40. Меѓународен филмски фестивал Фантаспорто, во Порто Португалија, (од 28 февруари до 8 март), еден од 20-те водечки во светот, каде филмот ќе биде прикажан на 6 март во програмата „Недела на режисери“.

Во март, „Врба“ ќе ја има и американската премиера, во натпреварувачката програма на Синеквест, еден од најстарите и најреномирани фестивали во САД (од 3 до 15 март) во Сан Хозе и Редвуд Сити, Калифорнија,

Исто така во март, „Врба“ ќе биде прикажан и на 24. Интернационален филмски фестивал во Софија, еден од најголемите во регионот (од 12 до 22 март).

Шестиот игран филм на режисерот Милчо Манчевски, „Врба“ ја надмина бројката од 30.000 гледачи, што е рекорд во Македонија во последнава деценија: ова е најгледан филм во државата за 2019 надминувајќи ги и холивудските блокбастери и најгледан македонски филм. Минатиот месец кино-мултиплексот Синеплекс објави дека „Врба“ е најгледаниот филм во историјата на компанијата воопшто. Дистрибутерот на филмот го прикажа во над 20 градови во државава.

Поради големиот интерес, „Врба“ повторно се враќа во Синеплекс, а игра и во Кинотека. Филмот ќе игра во два термина дневно (18 и 20 часот) и тоа во: петок 24., сабота 25., вторник 28., среда 29., четврток 30 јануари (само во 17 часот) и сабота 1 февруари. Филмот ќе продолжи да се прикажува и низ Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...