„Паразит“ со четири Оскари влезе во историјата

Годинешните награди Оскар приредија повеќе изнанадувања, наградата за најдобар интернационален филм, најдобра режија и најдобар филм отиде кај ривалот на „Медена земја“, јужнокорејскиот филм „Паразит“.

Со двојната номинација на документарецот „Медена земја“ и главната награда за најдобар филм првпат да ја добие филм од неанглиско говорно подрачје, 92 издание на Оскарите стана навистина историско и го покажа фокусот на Американската филмска академија кон меѓународната кинематографија.

Академијата му додели Оскар за најдобра машка главна улога на Хоакин Феникс за брилијатното остварување во „Џокер“, негов прв Оскар, додека наградата за најдобра женска главна улога отиде кај Рене Зелвегер за „Џуди“. Зелвегер има добиено Оскар за најдобра споредна жанска улога за филмот „Студена планина“ од 2003 година.

За најдобра машка споредна улога Оскарот го доби Бред Пит. Ова е прв Оскар на Пит за најдобра улога, има добиено уште еден, за продукција на филмот „12 мајмуни“. Наградата за најдобра споредна женска улога отиде кај Лора Дерн за филмот „Брачна приказна“.

Детскиот „Приказана за играчки 4“ доби Оскар за најдобар анимиран филм, додека за најдобар краток анимиран филм наградата ја доби „Влакнеста љубов“.

Оскар за најдобро сценарио отиде кај Бонг Џун Хо, за јужнокорејскиот филм „Паразит“, додека за најдoбро адаптирано сценарио успеа Таика Ваитити за филмот „Џо-Џо зајакот“.

Оскарот за најдобар документарен филм го доби „Американска фабрика“, во истата категорија беше номиниран и македонскиот „Медена земја“.

Во својот настап пред преполната сала во театарот Долби во Лос Анџелес, режисерите на „Американска фабрика“, Стивен Богнер и Џулија Рајхард, изјавија даке се восхитуваат на филмските работници од документаристиката.

-Имаме голема чест што овде покрај нас се филмаџии кои ни го пренесуваат реалниот живот од боиштата во Сирија, од политиката во Бразил и од природата во Македонија, изјави режисерката Рајхард.

Оскарот за најдобор краток филм отиде кај „Прозерецот на соседот“. Понатаму, статуетки за најдобар дизајн и костимографија добија филмовите „Беше еднаш во Холивид“ и „Малечки жени“. Најдобра филмска редакција е доделена за „Форд против Ферари“.

Воената драма „1917“ доби три Оскари, за најдобри звук, кинематографија и визуални ефекти. Наградата за најдобра шминка и фризура му припадна кај филмог „Бомба“.

Наградата за интернационален филм, сепак не ја доби нашиот „Медена земја“, туку отиде кај јужнокорејскиот „Паразит“ кој доби Оскар и за најдбро оригинално сценарио и за најдобар филм и со тоа се впиша во истријата на Американската филмска академија.

Оскарот за најдобра музичка тема го доби Хилдер Гуднатдотир, за своето остварување во „Џокер“, додека наградата за најдобра песна ја доби Елтон Џон за изведба во филмот „Рокетмен“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Аман докторе, дојдов на операција на крајници, а вие ми го извадивте и слепото црево?!!!
- Е да... Колегите ми аплаудираа на првата операција, па морав нешто да направам на бис.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, а на повисоките места има остатоци од кашест снег. Врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, Маврово, Струга и на...
Верски календар
На денешен ден
274.- Во Наисус (денес Ниш) е роден Константин...
1525.- Последниот ацтечки цар Куаутемок по долго...
1533.- Роден е Мишел Монтењ, француски...
1825.- Потпишан е Договор меѓу Русија и Велика...