Најгледаната бугарска серија „Доза среќа“ достапна на HBO

„Доза среќа“ (A Dose Of Happiness), најгледаната современа драма во Бугарија во последните 30 години, снимена според вистинска приказна за дрогата, падот, стравот и спасението, е достапна во понудата на HBO GО, а следниот термин на прикажување на HBO каналот е 9. јуни во 22:00 часот.

„Доза среќа“ е биографски филм за новинарката Весела Тотева чиј лик го игра нејзината ќерка Валентина Каролева. Дејствието на филмот се одвива во текот на 90-тите години на минатиот век во време кога дрогата станува широко достапна во Бугарија. Ова е приказна за потрагата по среќа, но и пронаоѓањето на пеколот затоа што среќата, како и ѓаволот, има многу лица. Љубовната приказна на Весела Тотева не само што го менува нејзиниот живот од корен, туку и го уништува. Сепак, нејзиното семејство е секогаш со неа, особено во најтешките моменти.

Филмот е снимен според романот „Пад и спасение: Исповед на една зависничка“ (2016) во кој ја опишува исцрпувачката и успешна седумгодишна борба со зависноста од дрога. Весела Тотева била консултант за време на снимањето на филмот, но ненадејно починала шест месеци пред премиерата, на 4. март 2019 година.

Режисерка е младата Јана Титова која на премиерата изјави:

 -Сакавме да снимиме убав и инспиративен филм за да пренесеме порака полна со надеж која ќе покаже дека спасението е возможно. Во исто време целта ни беше да ги информираме родителите и тинејџерите за последиците од зависностите. Од моментот кога започнавме да се занимаваме со приказната за Весела Тотева знаевме дека тоа нема да биде само филм туку и наша мисија. Нашиот фокус беше насочен кон тоа филмот да дојде до меѓународната публика затоа што оваа мултикултурна приказна сака да ги менува животите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...