Премиера на новата HBO серија „Пери Мејсон“

Новата HBO серија „Пери Мејсон“ (Perry Mason), со добитникот на „Еми“ Метју Рис во главната улога, ќе има премиера на 22. јуни во 20:00 часот на HBO каналот, а истиот ден ќе биде дел и од HBO GO.



Дејствието на серијата се одвива во Лос Анџелес, во 1931 година. Додека земјата се бори со големата економска депресија, овој град ги живее најубавите години! Нафта! Олимписки игри! Звучни филмови! Развој на евангелизмот! И едно киднапирање на дете кое тргнало во погрешна насока. Заснована на ликовите создадени од писателот Ерл Стенли Гарднер, оваа драмска серија ги следи почетоците на најлегендарниот лик на американската фиктивна проза, Пери Мејсон. Кога случајот на декадата се појавува пред неговиот праг, Мејсоновата безмилосна потрага по вистината го открива поделениот град, а можеби токму тоа ќе стане патека и за негово лично искупување.

Покрај Метју Рис, во серијата настапуваат и Џон Литгоу, Татјана Маслани, Џулиет Риленс, Крис Чалк, Шеј Вигам, Стивен Рут, Гејл Ренкин, Нејт Кордри, Вероника Фалкон, Џеферсон Мејс, Лили Тејлор, Ендрју Хауард, Ерик Ланг и Роберт Патрик.

Извршни продуценти на серијата се Роберт Дауни Јуниор, Сузан Дауни, Аманда Бурел, Рон Фицџералд, Џо Хорачек, Ролин Џоунс и Тимоти Ван Патен, кој е и еден од режисерите на серијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
-Изгледа твојата жена обожава да носи чудни шешири?
-Немам поим. Меѓутоа последен пат на шеширот имаше толку цвеќе што три погребни поворки ја следеа до дома
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Поради завршување со градежните работи на „Санација на мостот преку река Вардар кај Башино село” на регионален пат Р1312 , делница Башино Село-Велес, од 08.07.2025 година се...
Верски календар
На денешен ден
1497.- Португалскиот морепловец Васко де Гама со...
1621-. Во Шато Тиери е роден Жан де Ла Фонтен,...
1709.- Руската војска под водство на царот Петар...
1809.- Во Крапина е роден Људевит Гај, голем...