Доделувањето на „Златен глобус“ преместено за февруари 2021

Свеченоста на доделувањето на наградите „Златен глобус“ ќе се спроведе во февруари 2021 година, соопштија организаторите на официјалната интернет-страница.



-Утврден е нов датум за 78-та церемонија за доделување на наградите „Златен глобус“ 2021 година. Со задоволство соопштуваме дека настанот ќе се одржи во недела на 28 февруари 2021 година. Свеченоста ќе биде емитувана во живо од телевизиската компанија Ен-би-си од „Беверли Хилтон“ во Беверли Хилс, Калифорнија, се вели во известувањето.

Обично, наградите се доделуваат во првата недела на јануари, но сега тоа е поместено поради пандемијата на коронавирусот.

Наградата „Златен глобус“ ја врачува Асоцијацијата на новинари од странство, акредитирани во Холивуд. Се доделува еднаш годишно и, по престиж, е на второ место, по Оскарот. Одличијата опфаќаат 25 категории од областа на филмот и телевизијата. Наградите биле востановени 1943., од осум новинари од странство. Првото доделување се одржало 1944 година. Победниците денес се определуваат од 93 членови на Асоцијацијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Трпе мортус пијан оди на лекар.
- А бе докторе, градиве ме болат.
- Да не си паднал случајно?
- Не бе докторе...
- Да не си спиел гол, па да те фати промаја?
- Не бе...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1810.- Со масовно оружено востание на селаните,...
1941.- Хитлер му нареди на заповедникот на...
1959.- Францускиот претседател Шарл де Гол преку...
1977.- Во Париз умре Марија Калас, американска...